Ракометарите на Пролет 62 постигнаа победа во првиот натпревар под водство на новиот тренер Александар Јовиќ откако попладнево го совладаа тимот на Мулти Есенс со 32:31 во натпреварот од 11.коло од Б групата.

Човек на одлука беше Филип Арсеновски пред самиот звук на сирената за крај на натпреварот.

Во израмнетиот натпревар нерешен резултат имаше дури 19 пати, а последен пат на 4 секунди до крајот кога Божидар Илиески по „цепелинот“ го изедначи резултатот на 31:31, но имаше доволно време екипата на Пролет да постигне гол на „празна мрежа“ кои судиите Димитар Митервски и Благојче Тодоровски го признаа.

Почетокот на дуелот беше во знакот на гостите кои поведоа со 5:2, па тренерот на Мулти Есенс Иван Марковски побара тајм аут. По советите домашниот тим ги намали грешките. Во 19.та минута Мулти Есенс го имаше и првото водство 11:10, па Јовиќ мораше да бара тајм аут. По серијата на Мулти Есенс од 3:0, Пролет „врати“ со иста серија, но сепак последниот напад од првиот дел домашниот тим го реализраше и за шест секунди постигнаа гол за водство на полувремето од 17:16.

И во вториот дел иста слика. Пролет почесто е во водство, а во 41.минута Пролет поведе со 23:20, но грешките станаа составен дел од играта на гостите и во 52.минута Мулти Есенс поведе со 27:26.

Искусните гостински играчи во последните минути ја казнија брзоплетоста на младите домашни играчи и со минимална предност влегоа во самата завршница.

Најефикасен на дуелот беше стрелецот на решаваќкиот гол Филип Арсеновски кој постиган 8 голови, а во редовите на домашниот тим Мартин Димовски со 7 голови беше најдобар стрелец.