Нов натпревар, нова епизода меѓу фудбалските селекции на Македонија и Италија.
„Секој дуел е приказна за себе“, љуби да каже македонскиот сектор Благоја Милевски.
Но, оваа е серијал, кој веќе прераснува во ривалство, пишуваат италијанските медиуми.
Актуелниот европски првак, не може да го заборави поразот од Палермо и елиминацијата од Мундијалот. Не се прославија Азурите ниту во Скопје на дуелот одигран во септември, потсетуваат тамошните медиуми.
Македонија знаела како а одигра против големите селекции и да направи големо изненадување.
Токму тоа деновиве честопати го потенцираат и македонските фудбалери. Во позитивна атмосфера и со голема желба го чекаат вечерашниот натпревар.
Шансите за нов настап на ЕП се загубени, но желбата да се докажат пред европската, па и светска јавност, секако постои.
Тоа нема да биде доволно, напротивтив. Тоа ќе мора да се докаже во текот на целиот натпревар што ќе се игра на „Олимпико“ од 20.45 часот.
Во истиот термин, од нашата група, ќе се игра и дуелот во Лондон, меѓу Англија и Малта.