По новиот вкупно седми пораз на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, тренерот Бранислав Ангеловски на сликовит начин го опиша својот тим.
„Нашиот клуб е како тим од Формула 1. Со мотор од Ферари, но стар три години или стар Мерцедес со гуми од пред две години“,
изјави Ангеловски на прес-конференцијата по натпреварот.
И на овој меч се провлече старата болка. Само едно добро полувреме, вечерва првото.
„Во првото полувреме одигравме одлично. Но, во второто ја почувствувавме целата моќ на противникот“,
истакна Ангеловски.
Двата тима ги чека нов дуел веќе наредната седмица, но тогаш Пелистер ќе ја има улогата на домаќин.