Вкупно осум натпревари ноќеска беа одиграни во НБА лигата. 

Дербито се играше во Филаделфија каде Бостон славеше победа со 117:107. Иако настапија без Џејлен Браун и Кристапс Порзингис „Селтикс“ предводени од Дерик Вајт кој постигна 14 поени во последната четвртина забележаа победа. Вајт мечот го заврши со 27 поени и шест асистенции, а најефикасен беше Џејсон Тејтум со 29 поени на кои додаде и осум скока и шест асистенции.

 

Лука Дончиќ со дабл-дабл со 26 поени и 10 асистенции, заедно со Тим Хардавеј Јуниор кој  погоди седум тројки и заврши со 31 поени му донесоа победа на Далас со 130:117 над Вашингтон.

 

Демијан Лилард одигра „страшен“ натпревар во Торонто со 37 поени и 13 асистенции за победа на Милвоки над „Репторси„ со 128:112. 

Бадијала се покажа трипл-дабл учинокот на Леброн Џејмс со 28 поени, 10 скока и 11 асистенции, кога Лејкерси загубија од Сакраменто. Во редовите на победничката екипа  Домантас Сабонис постигна 29 поени, 16 скока, а Де Арон Фокс и Кевин додадоа 28 поени.

На останатите натпревари: Феникс – Минесота 133:116, Атланта – Њујорк 114:116, Чикаго – Орландо 94:96 и Портланд  – Кливленд  95:109.