Наполи на својот „Диего Армандо Марадона“ загуби од нископласираниот Емполи со 1:0.
Во првите 11 на Руди Гарсија беше и нашиот Елиф Елмас, кој во 54-тата минута му го отстапи местото на Квича Кварацкелија.
Во првото полувреме екипата на Наполи ја имаше контролата на топката, но не креираше поголеми прилики за погодок.
Квича Кварацкелија ја имаше најголемата шанса на натпреварот во 89-тата минута, кога искочи во ситуација „очи во очи“ со голманот на Емполи, но не успеа да постигне погодок.
Казната за ова промашување набрзо стигна.
Само две минути подоцна (90+1), Виктор Коваленко биеше и погоди за 1:0, поставувајќи го и крајот на овој натпревар.