Македонскиот шампион Ѓорче Петров попладнево ќе го игра натпреварот од 3.коло во ЕХФ Европскиот Куп против екипата на Ojпен.
Ѓорче Петров со победа на овие два натпревари ќе си обезбеди место во осминафинале.
Првиот натпревар Ѓорче Петров го игра во Белгија со почеток од 14:00 часот. Натпреварот ќе го судат Ојарзун Ајлагас и Зарагуета Руиз од Шпанија.
Реванш натпреварот ќе се одигра наредната недела во спортската салата во Автокоманда со почеток од 20:00 часот.
Во второто коло од Европскиот Куп, Ѓорче на двата натпревари го совлада Тиват на првиот со 43:22, додека на реваншот со 29:24.
Ивона Кимовска