Ракометарите на Охрид ја забележаа седмата победа во Супер лигата. Вечерва пред својата публика охриѓани го победија Куманово со 33-25.
Избраниците на Алушовски натпреварот го отворија со 3-0, па во продолжение само ја зголемуваа предноста. На полувремето имаа охриѓани и 10 голови разлика 19-9. Вториот дел беше само рутински одработен за конечни 33-25.
За победничката екипа по 5 гола постигнаа Никола Шипинкоски и Владимир Бојаниќ, додека Уча Гамзардија со 7 голови за Куманово беше најефикасниот ракометар на натпреварот.
Со оваа победа и новите бодови, а вкупно 21 Охрид се зацврсти на 3.место на табелата во „А“ групата. Пред него се Алкалоид со максимални 30 и Тиквеш со 24 кој пак утре проти Струга ќе го одигра својот меч од оваа рунда.
Куманово како и тимот на Скопје досега се немаат израдувано на победа.
РУПЕР ЛИГА – А ГРУПА – 10.коло
петок
ОХРИД – КУМАНОВО 33-25
сабота
14.30 СТРУГА – ТИКВЕШ
недела
17.00 АЕРОДРОМ – СКОПЈЕ
одиграно вчера
Е. ПЕЛИСТЕР 2 – АЛКАЛОИД 31-36
ТАБЕЛА: Алкалоид 30 бодови, Тиквеш 24, Охрид 21, Струга 15, Аеродром 12, Е. Пелистер 2 9, Куманово 1 и Скопје 1.