Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на денеска објавената ранг листа на АТП има пад од дури 21 место. Калин сега се наоѓа на 326.место со 163 поени или 13 помалку од претходното рангирање.
Пад за едно место Ивановски има и во конкуренција на двојки каде со 75 поени се наоѓа на 645.место. Ивановски од следната недела го очекуваат настапи на Челинџер турнири во Кобе и Јокохама.
Горазд Србљак со 10-те поени се наоѓа на 1050.то место или има скок од 12 позиции, додека третиот македонски тенисер со ранг е Обрад Марковски, кој со три поени се наоѓа на 1.472.то место со напредок од пет позиции.
Во конкуренција на двојки Марковски се наоѓа 1468.то место (скок за девет позиции) со 13 поени.
Берк Бугариќ со 16 поени се наоѓа на 1352.то место (скок седум места), додека Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2105.то место со 3 поени и има напредок од 15 места.