Петто рангираната светска тенисерка Џесика Пегула е првата финалистка на завршниот ВТА Мастерс во Канкун, Мексико.
Пегула ја доби американската полуфинална пресметка со помладата Коко Гоф и за прв пат во кариерата ќе игра во финалето на завршницата.
А, до него Пегула стигна без загубен сет. Откако ги доби трите во групата и во четвртиот, полуфинален, меч славеше со 2:0 по сетови 6-1 и 6-2.
Која ќе биде нејзина противничка останува да се види по доигрувањето на второто полуфинале меѓу Арина Сабаленка (1) и Ига Швјатек (2.рангирана).
Мечот поради дожд, беше прекинат по само три одиграни гема прти резултат 2-1 за полската тенисерка Швјатек.