Возбудлив натпревар на „Кенилворд Роуд” приредија екипите на Лутон и Ливерпул кој заврши 1:1. Луиз Диаз со гол во финишот му обезбеди бод на Ливерпул.
Уште на самиот старт на првото полувреме Дарвин Нуњез пропушти две големи прилики за погодок (во 5-тата и 14-тата минута). Иницијативата на Ливерпул продолжи се до крајот на првиот дел.
Во второто полувреме притисокот на „црвените” се зголеми и тежината на играта се повеќе се префрли на половината на Лутон.
Но во 80-тата минута, Тахит Чонг ги исполни надежните срца на фановите на Лутон. Тој прецизно биеше во мрежата на Ливерпул за 1:0 и му донесе изненадувачко водство на својот тим.
Сепак, нововлезениот Луиз Диаз во 6-тата минута од судиското надополнување (90+6) успеа да го изедначи резултатот и да ги постави конечните 1:1.