Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров ќе се борат за трофејот на Мастерс турнирот во Париз.

Ова откако двајцата тенисери по голема и долготрајна борба го добија полуфиналните дуели со Андреј Рубњев и Стафанос Циципас.

Светскиот рекет број 1, Ѓоковиќ до деветто финале во Париз стигна по три часовна борба со Русинот, Рубњев кого го победи со 2:1 во сетови.

Со истиот резултат 2:1 во сетови славеше и Бугаринот, Димитров кој во полуфиналето беше подобар од Стефанос Циципас.

Ѓоковиќ кој е рекордер по бројот на трофеи на овој турнир ќе атакува на седмата титула, а Димитров на првата.

Финалниот меч ќе се игра попладнево од 15 часот.