Во богатата НБА програма се издвојуваат победата рекордот на Џејсон Тејтум во дресот на Бостон. Шампионот Денвер славеше против Чикаго, а и победничката серија ја продолжи и Филаделфија.

Бостон Селтикс победи со 124:114 на гостувањето кај Бруклин Нетс, а натпреварот ќе го памети Џејсон Тејтум. Тој средбата ја заврши со дабл-дабл со 32 поени и 11 скокови. 25-годишниот Тејтјум тигна до бројката од 10-илјади поени и играч стана најмладиот играч во историјата на Селтикс кој ја достигнал таа бројка.

Бранителот на титулата Денвер на домашен терен славеше против Чикаго со 123:101. Нагетси со тоа стигна до шестата победа во седмиот натпревар сезонава.

Никола Јокиќ повторно беше најдобар кај Нагетс со 28 поени, 16 скока, девет асистенции, а кај Булси одлична партија имаше Црногорецот, Никола Вучевиќ со 19 поени и седум скока.

Филаделфија ја извојуваа четвртата последователна победа, победувајќи ги Феникс Санс на домашен терен со 112:100.  Џоел Ембиид дабл-дабл ефект со 26 поени и 11 скока беше прво име во победничкиот тим, додека Кевин Дурент за поразениот реализира 31 поен и осум скока.

Најнеизвесниот дуел го одиграа Индијана Пејсерс и Шарлот Хорнетс, а победа славеа гостите со 124:125. На гостински триумф се радуваше и Атланата кај Њу Орлеанс со 123:105. Во последниот натпревар ЛА Лејкеср без шестмина повредени играчи немаше тро да бара во Орландо каде загуби од Меџикси со 120:101.