Кошаркарите на Еуро Никел со победата над Работнички ја прекинаа серијата од два порази. Тимот од Кавадарци вечерва во СЦ „Кале“ славеше над Работнички со 74:72.
Гостите беа подобар противник во три четвртина кои ги решија во своја полза, а имаа и најголеми +15. Сепак во последната за малку од готово ќе направеа вересија. Работнички успеа да се врати и да израмни 65-65. По тројката на Ефремовски кој намали на 70-72, гостите не реализираа напад. Имаа домаќините нова можност да израмнат но, Трис не реализира. Гостите преку Меквин со двете слободни фрлања ја потврдија победата.
Џексон Дубински беше прво во победничкиот тим но, и прв стрелец на натпреварот со 23 поени, додека Трис на спротивната страна реализира 17.
Со четвртата победа Еуро Никел се проби на 4.место на табелата со бод повеќе од Работнички.
Претходно во малара сала на „Кале“, екипата на Вардар славеше очекувана победа над последно пласираниот тим на Академија ФМП со 102-91. Така вардарци сега имаат 9 бодови како и Работнички,
Во тек е последниот меч од оваа пета рунда, а на полувремето Пелистер како гостин води против Феникс (46-42).
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 6.КОЛО
Недела
РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 70-74
ВАРДАР – АКДЕМИЈА ФМП 102-91
ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР во тек
Петок
ОХРИД – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 73-98
Сабота
ТФТ – ГОСТИВАР 79-70
ЧАИР – КОЖУВ 88-84
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 11, Чаир 2030 11, ТФТ 11, Еуро Никел 10, Работнички 9, Вардар 9, Пелистер 8 (-1), Феникс 8 (-1), Гостивар 8, Охрид 7, Кожув 7, Академија ФМП 6.