Актуелниот шампион Манчестер Сити го „потопи“ Борнемут совладувајќи го со 6:1.
За само седум минути во првиот дел Сити постигна три гола.
Белгиецот, Доку беше брилијантен денеска, па покрај голот впиша и три асистенции. Тој беше стрелец на првиот гол во 30-тата минута. Му асистираше на Силва во 33-тата за 2-0. А, по негвиот удар кон голот на противникот, топката го зафати Аканџи за водство од 3-0.
И вто вториот дел Доку асистираше за погодоците на Фоден и Силва (64 и 84.минута). Синистера во меѓувреме (74,минута) го постигна почесниот гол за гостите, а конечните 6-1 за Сити беа дело на Аке во 88.минута.
Со оваа победа и новите бодови, Манчестер Сити изни на првото место на табелата со бод повеќе од Тотенхем кој утре го игра дербито со Челзи.