Екипата на ТФТ ја оствари и петата победа во прволигашката конкуренција. На натпреварот одигран попладнево во СЦ „Кале“, тимот на ТФТ го совлада Гостивар со 79-70.

Гостите беа подобри само во првиот период кој го добија 15-13. Во продолжението избраниците на Боро Смилковски, ја презедоа контролата, заиграа поагресивно во одбраната, а тоа донесе резултат.

Во третиот период ТФТ направи двоцифрена разлика, а во последниот влегоа со најголеми +17 (67-50). Со серијата од 12-2, Гостивар се врати на едноцифрена негатива (69-62).

Сепак немаа сили гостиварци за комплетен „кам-бек“ па ТФТ заслужено славеше со 79-70.

Најефикасен во победничката екипа беше Американецот, Лангстон Верц со 22, додека по 10 додадоа неговиот сонародник Хотон и Ташоски. Кај поразените Џејлин Инграм реализира 17 поени на кои додаде 7 скокови.

Во оваа победа ТФТ се израмни со шампионот МЗТ Скопје на врвот на табелата со по 11 бодови.

Шанса да го стори тоа вечерва ќе имаат и кошаркарите на Чаир кој го пречекуваат Кожув.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 6.КОЛО
Сабота
ТФТ – ГОСТИВАР  79-70
19.00 ЧАИР – КОЖУВ
Недела
18.00 ВАРДАР – АКДЕМИЈА ФМП
19.00 РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ МРТ
без присуство на публика
20.00 ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР
Петок
ОХРИД – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 73-98

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 11 бодови, ТФТ 11, Чаир  9, Еуро Никел 8, Работнички 8, Пелистер 8, Феникс 8, Гостивар 8, Вардар 7, Кожув 6, Охрид 6 и Академија ФМП 5.