Вардар против Куманово го играат еден од двата дерби дуели во 7.колото на женската ракометна Супер лига.
Симона Василева е прва година во тимот на Вардар но, брзо стана една од клучните ракометраки во редовите на црвено-црните.
,,По натпреварот со Чаир почнавме напорно да работиме и да се спремаме за второто дерби со Куманово.
Предноста што ја имаме ние, мислам дека е во тоа што сме екипа која што има добра замена и која што нема да се осети промената во тоа кои игра затоа што сите играчи се добри и квалитетни.
Воедно и довербата и голема поддршка што ја имаме една со друга, е наша предност.
Физичката спремност, концентрација и одбраната ќе бидат клучни за тоа кои ќе го добие ова дерби но, сепак останува да видиме.
Не го потценуваме нашиот противник со фер плеј игра ќе се види која е поквалитетна екипа“,
изјави Василева.
Почетокот на дербито Вардар и Куманово е закажан во 16:30 часот, а натпреварот ќе се игра спортската сала ,,Круме Кепески”.
Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (кликни на линк).
Ивона Кимовска