Кошаркарите на Шкупи очекувано, лесно и убедливо стигнаа до победа на гостувањето кај Куманово 2009 која до лани беше прволигаш.

Во натпреварот од 5.коло на Втората лига, тимот од скопски Чаир славеше со убедливи 101-56.

Победата беше најавена уште по првите 10.минути кои Шкупи ги реши во своја полза со двојна предност (32-16). На полувремето гостите веќе имаа и над дваесет поени предност (53-31). Така вториот дел беше само чиста формалност, на Шкупи само си ја поправаше кош разликата и на крајот славеше со 45 разлика (101-56).

Со оваа победа Шкупи изби на првото место на табелата со 9 бодови, во исчекување на утрешниот натпревар меѓи Водно Санс и не поразениот досега МКК Куманово.

Покрај Куманово 2009 и по петтиот одигран натпревар сеуште без победа е Тетекс. Тетовци на гостувањето во Прилеп кај Мега Баскет беа поразени со 79-87.

Колото ќе биде комплетирано утре, со три интересен натпревари, кои ќе  можете да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО
Сабота
КУМАНОВО 2009 – ШКУПИ 56-101
МЕГА БАСКЕТ – TЕТЕКС 87-79
недела
14.30 ВОДНО САНС – МКК КУМАНОВО
18.00 СОКОЛИ – МАЏАРИ
19.30 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – БОРЕЦ БАСКЕТ
петок
АНГЕЛИ – РАБОТНИЧКИ 2018 91-70

ТАБЕЛА: Шкупи 9 бодови, МКК Куманово 8, Ангели 8, Соколи 7, Маџари 7, Мега Баскет 7, Водно Санс 7, МЗТ Скопје У.Б. 6, Работнички 2018 6, Борец Баскет 6, Куманово 2009 5 и Тетекс 5.