Италијанскиот првак Наполи ја забележа шестата победа сезонава во Серија А. Во дуелот од 11.коло Наполи како гостин минимално ја совлада Салернитана со 2:0.
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас кој доби шанса во завршните 20-тина минути, на најдобар можен начин го искористи тоа.
Елмас во 67-мата влезе во игра не местото на Квадрацкелија, а веќе во 82.минута со ефектен гол па потврди победата на Наполи.
Гостите од Неапол иако поведоа уште во 13.минута со голот на Распадори , долго се мачеа да стигнат до вториот погодок.
Тимот на Наполи сега има 21 бод и е на 4.место на табелата пред Аталанта со 19.