Сабота е ден резервиран за дерби натпревари во женската ракометна Супер лига. Куано

Во првиот од двата ќе играат ракометарките на Вардар и Куманово.

Јана Ѓошевска е млада ракометарка која игра за екипата на Куманово. Пред кумановки овој викенд е дерби дуелот со Вардар. Куманово гостува кај Вардар во сабота и натпреварот е закажан со почеток од 16:30 часот.

Ѓошевска вели дека противникот го анализирале и веруваат дека ако го дадат својот максимум имаат шанса за победа.

,,Како и за секој натпревар така и за овој дуел, односно противникот е целосно анализиран.

Ние не потценуваме ниту една екипа, па така и екипата на Вардар не е воопшто за потценување.

Тренираме напорно и веруваме една на друга дека ќе го дадеме максимумот и резултатот ќе биде во наша полза”

вели Јана.

Ѓошевска посочува дека желбата за победа и тимската игра се многу важни за еден ваков натпревар.

,,Не очекува интересен натпревар, на кој треба да сме многу фокусирани. Да се покажеме во вистинско светло и да го дадеме максимумот.

Мислам дека теренот не игра главна улога на натпреварите, важна е мотивацијата, желбата за победа и тимската игра, која верувам и знам дека постои кај секоја од девојките“, посочи Јана.

Зад кумановки е минатонеделниот пораз од шампиони Ѓоре Петров, но тоа е веќе заборавено и мислите се насочени кон Вадар.

,,Според мене карактерот и дисциплината во игра ќе бидат клучни за овој натпревар.

Верувам во мојата екипа, со добра одбрана и секако добра транзиција во нападот ќе бидат исто така пресудни за крајниот резултат.

Се подготвуваме максимално за секој натпревар така и за овој со Вардар, знаеме дека не очекува тежок меч.

За да оствариме победа треба да одиграме доста концентрирано и на високо ниво, и со малку технички грешки”, изјави Ѓошевска.

Дербито меѓу Вардар и Куманово ќе се игра со почеток од 16:30 часот, во спортската сала ,,Круме Кепески” во Скопје.

Ивона Кимовска