Пред само два дена се комплетираше 2.коло во првата машка одбојкарска лига кога во заостанатиот меч шампионот Струмица славеше победа гостинска победа од 3-0 против Весна Пробиштип.
На тој начин одбојкарите на Струмица стигнаа и до втората победа во новата сезона во Мак одбојката.
Струмичани беа подобри во три сета (13:25, 15:25, 22:25) против засилениот состав на Весна Пробиштип.
Па така по 2.коло Струмица заедно со тетовските екипи на Лирија и Шкендија се на делба на првото место со по две победи.
Возбудувањата во машката прва лига продолжуваат и викендов со мечевите од 3.коло.
Ни претстојат неколку дерби средби од кои две ќе се играат во Тетово и тоа во исто време.
Лирија го пречекува Работнички, а Универзитет во Тетово ќе проба да и го нанесе првиот пораз на Шкендија.
Во Штип исто така ќе се игра интересен дуел каде Штип УДГ го пречекува тимот на Весна Пробиштип.
Во битка за првата победа во сезоната во Петровец, Вардар е домаќин на Македонија Џио од Струмица.
ПРВА ЛИГА МАЖИ – 3.КОЛО (сабота 4.11.2023)
13:00 Вардар – Македонија Џио
13.00 Струмица – Јанта Волеј
18:00 Штип УДГ – Весна Пробиштип
18:30 Сушево – Борец
19:30 Лирија – Работнички 71&22
19:30 Универзитет во Тетово – Шкендија