Ако имаше дилема, сега тоа веќе го нема. Младиот Французин, Виктор Венбанјама  потврди зошто беше прв „пик“ на драфтот.

Тој беше најдобриот играч на вториот во низа дуел меѓу Сан Антонио и Феникс кој „Спарси“ го добија со 132-121. 

Венбанјама натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок со 38 поени и 10 скокови. Французинот реализира 8 од 12 поени во низа за „Спарси“, серија со која тимот од Тексас се одлепи и стигна до победата.

На Феникс не му помогна ниту враќањето на Деби Букер кој пропушти неколку натпревари поради повреда. Букер натпреварот го заврши со 31 и 9 скокови, а Кевин Дурант имаше 28 поени и 6 скока. 

На останатите три натпревари.

Ембид со 28 поени, 13 скока и седум асистенции ја предводеше Филаделфија до победа над Торонто со 114:99. 

МекКолум ја презеде улогата на лидер на Њу Орлеанс и постигна 33 поени за победа против Детроит 125:116, а Паоло Банкеро со 30 поени и 9 скокови беше најзаслужен за триумфот на Орландо на гости кај Јута со 115:113.