Џесика Пегула со три триумфи го потврди првото место во А групата на завршниот ВТА Мастерс што се игра во мексиканскиот град Канкун.
Американската тенисерка во меч од последното 3.коло ја совлада Марија Сакари со 2:0. Пегула која е трата на ВТА листата ги доби грчката тенисерка со 6-3 и 6-2. Така Американката со максимални три победи и без загубен сет, се пласира во полуфиналето.
Која ќе биде втората тенисерка од А групата меѓу четирите најдобри ќе дознаеме по мечот меѓу, Арина Сабаленкa и казахстанската тенисерка Елена Рибакина.
Поради дожд, мечот е во прекин. Светскиот рекет број 1, Белорусинката,Сабаленка го доби првиот сет со 6-2, но во вториот губи со 3-5.