Актуелниот македонски првак Струга Трим Лум ја покажа својата моќ и потврди дека во моментот има далеку подобар тим од Вардар.
Во заостанат натпревар од 5.коло на ПМФЛ, Струга славеше убедлива победа над Вардар со 4:0.
Сите три гола беа постигнати во второто полувреме.
Во 56.минута по одличната мајсторија најдобриот стрелец во мак-фудбалот Бесарт Ибраими го отвори резултатот.
Токму по акцијата на Ибраими, албанскиот интернационалец Мезрекај во 75.минута зголеми на 2:0. Не мина долго време, па Таири во 84-тата минута зголеми на 3:0. И кога сите олекуваа крај на натпреварот, Јаровиќ во тратата минута од судиското дополнение (90+3) ги постави конелните 4:40 за Струга.
Со оваа победа и освоените нови бодови, а вкупно 24, шампонот сега се доближи на -1 во однос на водечкиот тандем на табелата Шкупи и Шкендија.
Вардар остана на дното на табелата со 11 бодови, еден помалку од Воска спорт и Македонија Ѓорче Петров.
Во следното коло (претстојниот викенд), двата тима ќе имаат тешки натпревари.
Вардар го чека гостување во Чаир кај лидерот Шкупи, а Струга Т.Л. на домашен терен го игра дербито со Шкендија.