Во НБА лигата ноќеска се одиграа три натпревари. Највозбудливо беше во Феникс каде „Санси“ загубија во последната секунда од Сан Антонио со 114:115. 

Иако „Спарс“ заостануваа со 20 поени, на крајот во голема драмата стигнаа до триумф, благодарение на Вуктотр Вамбењама и Келдон Џонсон.

Младиот Французин со забивање на 7.секунди пред крајот намали на 113-114. Само што ја изведоа топката под кошот Џонсон му ја одзеде на Кевин Дурент и со кош на 1,2 секинди до крајот им донесе водство на гостите 115-114. Обидот на Дурант на спротивната страна беше не успешен, па Сан Антони се радуваше на победата. 

Џонсон со 27 поени беше најефикасниот игран во победничката екипа и на натпреварот, а на спротивната страна Дурент постигна еден помалку. 

Феникс настапи без своите две ѕвезди Девин Букер и Бредли Бил кои се повредени. 

 

На другите два натпревари.

Внимание привлече доаѓањето на Џејмс Харден во Лос Анџелес. Но, популарниот „брада“ поради не комплетираната документација, не настапи на мечот на својот нов тим Клиперси. И без него тимот од ЛА лесно се справи со Орландо кој го совлада со 118:102. Пол Џорџ со 27 и Расел Вестбрук со 18 поени беа најзаслужни за третата победа на Клиперси. 

Во Кливленд екипата на Њу Јорк беше подобра во „Кавс“. До победата со 109:91, „Никси“ ги предводеа Рендл и Бренсон со по 19 поени.