Актуелниот аба шампион, Партизан лесно го доби големиот ривал Црвена Звезда во дербито од 5.колото на регионалното натпреварување. 

На дуелот одигран во преполната белградска арена, Партизан славеше со 98-87. 

Иако првата четвртина навестуваше дека натпреварот ќе оди на „воденицата“ на црвено-белите сепак тоа не се случи. Црвена Звезда го доби првиот период со осум разлика (17:25).

Сепак во вториот доминираа црно-белите. Избраниците на Обрадовиќ постигнаа 30, а примија само 11 поени, па на одмор заминаа со +11 (47:36). 

Во ист ритам продолжија домаќините кои на средината на третата четвртина имаа и +19. Но, гостите не се предаваа, па во последната четвртина дојдоа и до шест негатива (76:82). 

Сепак немаа сили црвено-белите да направат комплетен пресврт па Партизан славеше со конечни девет разлика 98-87. 

Партизан сега се израмни со Црвена Звезда и Игокеа на табелата. Трите тима имаат „скор“ 4-1 (победи-порази), додека Будуќност е единствениот тим со максимални 5 победи.