Кавадарчанецот Горан Самарџиев и официјално е новиот тренер на КК Работнички.
Најтрофејниот македонски кошаркарски тим го именува Самарџиев за „наследник“ на Димитар Мираковски кој доби отказ по поразот од МЗТ Скопје.
Популарниот „Шуш“ се враќа во Работнички по пауза од 17 години. Како играч тој „Градски парк“ мина седум сезони во кои освои 6 шампионски титули и 4 трофеи во Купот на Македонија.
Самарџиев кој летово замина од кавадаречки Фени Индустри, до неодамна го предводеше тимот Комарно од Словачка.
Токму против својот поранешен тим Еуро Никел, Самарџиев пристојниот викенд ќе дебитира на тренерското столче на Работнички.