Екипата на Баер Леверкузен игра фантастичното на стартот на сезоната во Бундес лигата. 

Популарните „фармацевти“ ја остварија и осмата победа, со што се вратија на врвот на табелата. 

Вечерва пред своите симпатизери, фудбалерите на Баер го совладаа Фрајбург со 2:1. 

Домаќините поведоа во 36.минута по соло акцијата и голот на Флоријан Виртц.

До вториот го се чекаше се до 61.минута кога Ноа Атуболу зголеми на 2:0.

Гостите намалија во 73.минута по центаршутот на Грифо, со глава биеше  и погоди Мануел Гулде.

Со новите бодови и вкупно 25, Леверкузен е прв пред минхенски Баерн кој има 23, а по нив со 21 следуваа Штутгарт и Борусија Дортмунд.