Кошаркарите на Чаир ја оствари и четвртата победа во новата сезона на Првата македонска лига.
Во последниот натпревар од 5.коло, Чаир како гостин славеше очекувана и убедлива победа над Академија ФМП со 107-74.
Уште од самиот почеток на натпреварот кој гостите го стартуваа со серија од 8-0, се виде кој е кој на овој меч. Како одминуваше времето така разликата се зголемуваше. А, токму на кракот беа забележани и најголемите 33 поени разлика.
Американецот, Корберт со 24 и Стефан Крстаиќ со 22 поени беа најефикасни во победничката екипа, додека Лука Петровски постигна 21 за поразениот тим.
Екипата на Чаир е лидер на табелата со 9 бодови колку што имаат второ и трето пласираните МЗТ Скопје и ТФТ. Затоа пак Академија ФМП е убедливо последна со пет убедливи порази.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО
денеска
АКАДЕМИЈА ФМП – ЧАИР
одиграно вчера (сабота)
МЗТ СКОПЈЕ – ЕУРО НИКЕЛ 71-61
КОЖУВ – ТФТ 55 – 64
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 68 – 119
ПЕЛИСТЕР – ОХРИД 97 – 57
ГОСТИВАР – ФЕНИКС 63-66
ТАБЕЛА: Чаир 9 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 9, ТФТ 9, Еуро Никел 8, Работнички 8, Пелистер 8, Феникс 8, Гостивар 7, Вардар 7, Кожув 6, Охрид 6 и Академија ФМП 5.