Со два натпревари што ќе се играат вечерва ќе биде отворена четвртатата рунда во Втората кошаркарска лига.

Денеска натпревари ќе се играат во Скопје и Тетово.

Екипата на Шкупи која има големи амбиции за пласман во прволигашката конкуренција во дуелот со прилепски Мега Баскет ќе ја бркаат третата победа.

Прва радост сеуште бараат повратниците во второлигашкото друштво кошаркарите на Тетекс кој на свој терен ќе се обидат да го стората тоа против МЗТ Скопје У.Б.

За утре (недела) се закажани три натпревари, а ова коло ќе биде заокружено во среда со дуелот во Куманово.

Екипите на МКК Куманово и Партизан Водно Санс досега имаат максимален учинок, по три победи.

Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 4.КОЛО
сабота
18.00 ШКУПИ – МЕГА БАСКЕТ
20.00 ТЕТЕКС – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
недела
16.00 РАБОТНИЧКИ 2 – СОКОЛИ
18.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – ВОДНО САНС
20.00 МАЏАРИ – КУМАНОВО
среда
20.00 МКК КУМАНОВО – АНГЕЛИ

ТАБЕЛА: МКК Куманово 6, Водно Санс 6, Ангели 5, Шкупи 5, Маџари 5, Соколи 5, Мега Баскет 4, Борец Баскет 4, МЗТ Скопје У.Б. 4, Работнички 2 4, Тетекс ТТК 3, Куманово 3;