Со двата натпревара што ќе играат попладнево во салата Автокоманда ќе продолжат натпреварите од 9.коло од двете ракометни Супер лиги.

Програмата ќе ја отворат Мулти Есес во дуелот со шампионот Еурофарм Пелистер, а дуелот почнува во 15:30 часот. Во вториот натпревар Алкалоид е домаќин на екипата на Охрид, а почетокот ма овој натпревар е во 19 часот.

Вчера се одиграа првите два дуела од оваа рунда.

Тиквеш убедливо во Кавадарци го совлада Аеродром со 43:31 (25:15). Кавадарчани првото двоцифрено водство го имаа на крајот на првиот дел, а највисоката предност им изнесуваше 39:25 (+14). Најефикасен беше Димитар Коцев со 8 голови.

Во Прилеп истоимената домашна екипа загуби од Пролет со 19:22 (11:13).

Прилеп имаше водство во поголемиот дел од првиот дел се до 8:5. Тогаш гостите предводени од поранешниот македонски репрезентативец Дејан Пецаковски (7 голови) и капитенот Ласко Андоновски направија серија од 5:1. Поведоа со 10:9, а на полувреме заминаа со 13:11. Домашниот тим изедначи на 13:13 и така беше до 17:17. Тогаш Пролет направи нова серија од 4-0 за водство од 21:17 и најава на победата.

Во недела од ова коло играат: Голден Арт – Вардар Неготино и Скопје 2020 – Еурофарм Пелистер 2.

Дуелот МРК Куманово – Струга се игра во вторник. Колото ќе биде комплетирано на 8.ноември со натпреварот меѓу Вардар и Бутел што ќе се игра во салата во Бутел.

Сите натпревари може да ги гледате во живо овде.
Одберете го (кликнете) на посакуваниот натпревар. 

А ГРУПА – 9.КОЛО
петок
 ТИКВЕШ   –   АЕРОДРОМ 43:31
сабота
19:00   АЛКАЛОИД –  ОХРИД  (во живо на МРТ)
недела
17:00   СКОПЈЕ –  ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
вторник
19:30    КУМАНОВО –  СТРУГА
Б ГРУПА – 9.КОЛО
петок
ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ 19:22
сабота
15:30   МУЛТИ ЕСЕНС –  ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
недела
18:00   ГОЛДЕН АРТ –   ВАРДАР Неготино
8 ноември
18:00   ВАРДАР  –  БУТЕЛ СКОПЈЕ
ТАБЕЛА
1 Алкалоид  24 бодови
2 Тиквеш 24
3 Охрид  18
4 Струга  12
5 Аеродром  12
6 Е.Пелистер 2  6
7 Куманово 1
8 Скопје 1
ТАБЕЛА
1 Е. Пелистер 21 бодови
2 Вардар 21
3 Бутел Скопје 15
4 Пролет 15
5 Голден Арт 10
6 Прилеп 7
7 Мулти Есенс 6
8 Вардар Неготино 0