Минхенски Баерн се проби на првото место на табелата во Бундес лигата, а Штутгарт остана на третото.
Ова е исходот по денешните дуели на двата тима, а во рамките од 9-тото коло.
Баерн иако се мачеше во првиот дел против Дармштад сепак во вториот постигна 8 гола. Првиот дел го одбележаа трите црвени картони (еден кај домаќините и два кај гостите).
Англичанецот, Хари Кејнб средбата ја заврши со хет-трик. По два додадоа Сане и Мусала, а во листата на стрелци се впиша и Милер.
Затоа пак голем „кикс“ направи Штутгарт кој пред своите симпатизери загуби од Хофенхајм со 2:3.
Сега Баерн е лидер на табелата со бод повеќе од Леверкузен кој утре го игра натпреварот со Фрајбург.
Штутгарт останува трет, но исто така ќе го чека исходот од утрешниот меч меѓу Ајнтрахт и Борусија Дортмунд.