Кошаркарите на Партизан го совладаа тимот на Црвена Звезда во првото вечно дерби оваа сезона. Натпреварот од 5.коло на Евролигата Партизан го доби минимално со 88:86.
Партизан со одличната одбрана поведе со увелдиви 16:2, а на првата пауза замина со +9 (22:13)
Следуваше првиот голем пресврт. Црвено-белите беа оние кои го диктираа темпото, па на полувремето на семафорот стоеше израмнет резултат – 42:42.
Во третиот период, Звезда изгледаше како тим што знае што сака и како да стигне до тоа. Избраниците на Јанис Сферопулос ги задржаа црно-белите на само 11 поени и во решавачките 10 минути влегоа со двоцифрена предност (56-51).
Но, следуваше нов голем пресврти. И 13-тепоени предност на гостите во 32.минута се покажаа како недоволни. Избраниците на Обрадовиќ поентираа од сите ситуации, а црвено-белите мака маќеа со слободните фрлања.
Алекса Аврамовиќ и Пи Џеј Даузер, хероите на Партизан. Аврамовиќ постигна 14, а го следеа Ледеј со 13, Јарамаз со 12 и Камински 11 поени. Кај Звезда, Боломбој постигна 16 поени, Напиер 13.
За Партизан ова е втора победа во евролигата, а Црвена Звезда го претрпе четвртиот пораз