Познати се осумте екипи кои ќе ги продолжат натпреварите во фудбалскиот Куп на Македонија.

Попладнево беа одиграни дуелите од осминафиналето, во кое немаше изненадувања, а фаворитите ја оправдаа улогата.

Македонија Ѓорче Петров одбраната на трофејот ја почна со победата над градскиот ривали Вардар со 1-0. Стрелец на единствениот гол на мечот беше 17 годишниот Алтин Алији во 63.минута.

Супер интересен беше вториот натпревари одигран во Скопје. Работнички раното дојде до водство против Шкендија, која до крајот на првиот дел го сврте резултатот и водеше со 1-2. Сепак во вториот дел со головите на Гандо и Мазари фудбалерите на Работнички заслужено славеа триумф.

Брегалница и Шкупи остварија убедливи победи над Јанг Тим со 11-0, односно Охрид со 6-0.

Минимални победи за пласман во четвртфиналето забележаа Силекс над Башкими и Тиквеш на гостувањето кај Пелистер во Битола.

На натпреварите во Охрид и Струмица, немаше голови, па решаваа пеналите. Во нив посреќни и по сигурни беа фудбалерите на Воска спорт и Брера.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/8 ФИНАЛЕ

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 0-1
ВОСКА СПОРТ – СТРУГА Т.Л. 4-1 пенали (0-0)
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 3-2
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0-1
СИЛЕКС – БАШКИМИ 3-2
БРЕРА СТРУМИЦА – ГОСТИВАР 5-4 пенали (0-0)
ШКУПИ – ОХРИД 4-0
БРЕГАЛНИЦА – ЈАНГ ТИМ 11-0