Иако помина долго време (три месеци) од одлуката на советот на град Скопје, засега нема ништо од финансиската поддршка за ФК Вардар.
Затоа денеска навивачите на „црвено-црните“ популарните „Комити“ кои се и доминантни акционери во клубот, излегоа со „ултиматум“.
Тој е упатен до градоначалничката Данела Арсовска и претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славевски.
Во апелот се вели:
„Немате повеќе време за чекање!
Вашата пасивност во однос на ФК Вардар и меѓусебното префрлање на одговорноста, се недозволиви. Никогаш нема да прифатиме, било кој да има таков однос кон клубот на народот. Затоа, упатуваме јасно барање – постапете веднаш!
Доколку за 48 часа не постапите и не ја спроведете одлуката, најавуваме радикализација на борбата.
Не дозволувајте да бидете запомнети како луѓе кои свесно или несвесно го саботирале клубот на народот.Не дозволувајте повторно да треба да се огласиме по однос на ова прашање“.