Последниот натпревар од 4.коло на АБА лигата донесе спектакуларна пресметка меѓу Мега и Партизан.
Во спортската сала „Ранко Жеравица“ на големо изненадување и со неверојатен крај мадиот тим на Мега славеше победа.
Мега одлично одигра во во текот на целиот натпревар, а имаше и 20 поени предност. Сепак победникот беше решен со џвукот на сирената. На крајот Мега славеше со 88:86 и тоа на неверојатен начин.
Во последниот напад при нерешен резултат, Топиќ тргна кон кошот на Партизан, но неговиот обиде беше неуспешен.
Трагичар кај црно-белите беше Трифуновиќ кој при обид да ја фати топката си постигна авто-кош.