Екипата на Македонија Ѓорче Петров ги назначи Тони Џангаровски за нов тренер на клубот.

Не минаа ниту 24 часа, од разрешувањето на Горан Симов, а Ѓорчепетровци веќе именуваа нив шеф на струката.

Лошата форма во последно време и слабите резултати, беа причината за „разделба“ на Симов и Македонија.

„Без размислување го прифаќам предизвикот бидејќи верувам во успех со оваа екипа. Веќе на следниот натпревар ќе покажеме дека Македонија ЃП е победничка екипа“, изјави Џангаровски.

Нему ќе му помага Боби Божиновски, а веќе во среда им претстои првиот предизвик.

Македонија ЃП одбраната на трофејот во националниот куп ја почнува со осминафиналниот меч против Вардар,