Соиграчот на Ељиф Елмас од Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен ги договори за условите за неговт трансфер во Ливерпул, пренесуваат италијанските медиуми.

Осимен минатата сезона беше најдобар стрелец во Серија А. Тој беше еден од најзаслужните што Наполи по 33 години стигна до шампионскиот трофеј во италијанското првенство.

Италијанските медиуми пренесуваат дека нигерискиот напаѓач планира да го напушти Наполи бидејќи не се согласува со новиот тренер Руди Гарсија.

„Односите меѓу Осимен и Наполи речиси и да не постојат. Ливерпул прв контактирал со фудбалерот.

Тој ги договорил сите услови со англискиот тим да настапува на Енфилд од 2024 година.

Засега разговорите се одвивале само на релација, клуб-играч, но нема официјални преговори меѓу двата клуба“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи би барал отштета до 150 милиони за нигерискиот напаѓач.

Ситуацијата ја следи Челзи. Сините од Лондон, изминатово лето двапати се обидоа да договори трансфер, но не сакаа да ги плати 200-те милиони евра што ги бараше шефот на Наполитанците, Аурелио Де Лаурентис.