Даглас Луис ја предводеше екипата на Астон Вила до нов триумф во Премиер лигата.
„Жртва“ беше тимот на Вест Хем кој загуби со 4:1.
По мирно прво полувреме Астон Вила замина со 1:0 предност. Голот го постигна Даглас Луис.
Токму тој ја отвори голеадата во вториот дел преку пенал.
Џеред Боувен врати на 2:1. Оле Воткинс и Леон Бејли со нивните голови се погрижија да не се врати Вест Хем во игра.
Астон Вила е на 5-та позиција на табелата со 19 бода и го држи чекорот во тимовите од врвот. А, на лидерската позиција се Арсенал и Манчестер Сити со по 21 бод.
Вест Хем се 9-ти со 14 бода.
Андреј Велјаноски