Екипите на Водно Санс и  Шкупи славеа победи во дуелите од Втората лига.

Тимот на Водно Санс очекувано беше подобар од Тетекс и ја оствари и третата победа, во исто толку одиграни натпревари.

Само 6.минути му требаа на Шкупи да го ,,реши” МЗТ Скопје У.Б. и да стигне до вториот триумф.

Натреварот беше решен на стартот на последната четвртина, а Шкупи го доби со 84-66.

Во првиот период, домашниот тим беше оној што го диктираше темпо на игра. Аеродромци го добија периодот со 21-15.

За нецели 2.минути во вториот период, гостите направија серија 8-0 и поведоа со 25-21. До крајот на првото полувреме МЗТ успеа да направи пресврт и на одмор да замине со +4 (43-39). 

По само 3.минути игра во второто полувреме, МЗТ стигна и до двоцифрена предност (49-39).

Сепак Шкуп се врати во игра со серија од 10-0 за израмнување во 34.минута (49-49). Во последната четвртина се влезе со два предност за МЗТ (55-53). 

А, во неа. На агресивната одбрана на  гостите тимот на МЗТ немаше решение. Домаќините не постигнаа кош цели шест минути. Шкупи направи серија од 23-0 за водство од 76-55 за Шкупи.

До крајот на мечот гостите само ја зголемуваа предноста за на крај да победат со 18 разлика.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 3.КОЛО

недела

ПАРТИЗАН В.С. – ТЕТЕКС 85-74

MЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ШКУПИ 66-84

18.00 КУМАНОВО 2029 – СОКОЛИ во тек

вчера

МКК КУМАНОВО – РАБОТНИЧКИ 2 94-55

АНГЕЛИ – БОРЕЦ БАСКЕТ 81-65

МЕГА БАСКЕТ – МАЏАРИ 5972