Со мечевите од 1.коло викендов започнува новата одбојкарска сезона 2023/24 во Македонија во сите конкуренции.

Кај мажите првата лига ќе брои 12 клуба, а дербито ќе се игра во Тетово каде ќе се сретнат Универзитет во Тетово и Струмица.

На другите дуели кои ќе привлечат најмногу внимание ќе бидат дуелите меѓу Работички-Весна Пробиштип и Вардар-Јанта Волеј.

Кај дамите првата лига ќе брои осум екипи, додека во втората лига ќе играат 10. Мечевите исто така ќе се играат во сабота.

И кај нив во 1.коло ќе имаме дерби дуел. Новиот прволигаш Младост УДГ ќе се сретне со шампионот Работнички.

Ова се сите парови и саатница од 1.коло кај мажите и жените од првата лига.

ПРВА ЛИГА МАЖИ – 1.КОЛО (сабота)
15.00 ВАРДАР – ЈАНТА ВОЛЕЈ
15.00 ШТИП УДГ – ГОК БОРЕЦ
19.30 УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО – СТРУМИЦА
19.30 ЛИРИЈА – МАКЕДОНИЈА ЏИО
20.00 СУШЕВО – ШКЕНДИЈА
20.00 РАБОТНИЧКИ – ВЕСНА ПРОБИШТИП
ПРВА ЛИГА ЖЕНИ – 1.КОЛО
(сабота)
14.00 ВАРДАР 2019 – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ
17.00 ВАРДАР ЕМ – ЈАНТА ВОЛЕЈ
18.00 МЛАДОСТ УДГ – РАБОТНИЧКИ
19.30 СТРУМИЦА – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ

Исто така стартуваат мечевите од 1.коло и во Втората лига кај жените.

Оваа сезона бројот на екипите во втората лига ќе биде 10 што значи дека конкуренцијата ќе биде голема и ќе гледаме доста неизвесни и интересни мечеви во борбата за влез во елитното друштво следната година.

Ова се двојките и саатниците на натпреваритe.

ВТОРА ЛИГА ЖЕНИ – 1.КОЛО (сабота)
13.30 Ускана – Македонија Макс
14.00 Пелистер Волеј – Фламинго Волеј
17.00 Универзитет во Тетово – Форца Волеј
17.00 Бами Кор – Виктори Волеј
18.30 Газели Волеј – Куманово