Екипите на Севилја и Реал Радрид одиграа без победник 1-1 во натпревар од 10 коло на шпанската Ла Ллига.

Во натпреварот во кој двата тима се обидуваат да стигнат до полн плен беа постигнати два гола, но и еден поништен. Во четвртата минута поради офсајд погодокот на Валверде беше поништен.  Така по првите 45 минути резултатот беше оној почетниот 0-0.

Во вториот дел први се радува домаќините и тоа благодарение на автоголот на Алаба во 760тата минута. 

Реал тргна со сите сили израмнивме, а на „кралевите“ преку Карвахал во 78.минута израмни на 1-1. 

Иако имаше по неколку шанси за нов гол, сепак резултатот остана непроменет 1-1.

Севилја со тоа ја прекина победничката низа на Реал Мадрид од три натпревари, но кралскиот клуб останува на врвот на табелата.

Реал по десет одиграни натпревари има 25 бодови, три повеќе од второпласираната Џирона која утре ќе игра против Алмерија.

Барселона која пак  утре својата публика го пречекува Атлетик Билбао е на 3.мсто со 4 бодови помалку од Реал.