И по третиот одигран натпревар екипата на MKK Куманово оствари триумф.
Во воведниот меч од 3.коло на Втората кошаркарска лига, кумановци предводени од некогашниот селектор Марин Докузовски славеа во дуелот со вториот тим на Работнички 94-55.
Во првото полувреме гостите од Скопје беа релативно рамноправен противник. За тоа говори и резултатот. Првата четвртина црвените ја завршија со шест, а на полувремето замина со пет поени негатива (40-35).
Сепак во второто полувреме на теренот како да играше само еден ти, домашниот.
Кумановци започнаа со серија од 12-02 и за прв пат поведоа со двоцифрена разлика 52-35. Во продолжението избраниците на Докузовски само ја зголемуваа разликата и на крајот славеа со убедливи 39 разлика (94-55).
Така МКК Куманово останува перфектен и по третото коло по кое има исто толку победи. Вториот тик кој досега не знае за пораз е Партизан Водно Сан, кој утревечер игра против Тетекс.
За денеска закажани се уште два натпревари во второлигашката конкуренција, а вкупно три ќе с играат утре.
Натпреварите може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 3.КОЛО
сабота
МКК КУМАНОВО – РАБОТНИЧКИ 2 94-55
16.30 АНГЕЛИ – БОРЕЦ БАСКЕТ
19.00 МЕГА БАСКЕТ – МАЏАРИ
недела
16.00 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ШКУПИ
18.00 КУМАНОВО 2029 – СОКОЛИ