Вардар конечно го доби својот дом за младинските категории.
Вчеравечер и официјално беше пуштено во употреба игралиштето на кое младите вардарци ќе ги одрекуваат своите тренинзи.
Игралиштето кое е во непосредна близина на СЦ „Јане Сандански“, го носи името на вардаровата легенда „Кирил Симоновски-Џина“.
„Ова е сепак само почеток на сето она што како клуб имаме во план да го направиме.
Нашите млади таленти се приоритет на нашата борба и база врз која целосно ќе се потпира функционирањето на клубот во иднина. Веруваме дека на тој начин, најдобро ќе го афирмираме пред се ФК Вардар, а секако и македонскиот фудбал.
Нека овој проект донесе многу спортски успеси и нека биде ова уште еден расадник на таленти кои утре гордо ќе го носат дресот на големиот Вардар и достоинствено ќе ги бранат црвено-црните бои“