Со одигрувањето на вечерашните натпревари во Г и Х групите, три селекции се пред пласман на Европскиот шампионат во Германија следната година.
Унгарците иако одиграа нерешено на гостувањето кај Литванија сепак ја задржаа водечката позиција во Х групата. Тие имаат бод повеќе од Србија која беше подобра од Црна Гора во пресметката за второто место.
На двете репрезентации во последните натпревари доволен им е по само еден бод за да го потврдат учеството на ЕП.
Казахстан со победата на гости над Финска, им заврши голема работа на Словенија и Данска.
Словенците славеа кај Северна Ирска, а Данска кај Сан Марино, па двете селекции сега имаат по 19 бодови, 4 повеќе од Казахстан кој е трет.
Г ГРУПА СРБИЈА – ЦРНА ГОРА 3-1 ЛИТВАНИЈА – УНГАРИЈА 2-2 ТАБЕЛА 1 Унгарија 14 (6) 2 Србија 13 (7) 3 Црна Гора 8 (6) 4 Литванија 6 (7) 5 Бугарија 2 (6) | Х ГРУПА ФИНСКА – КАЗАХСТАН 1-2 САН МАРИНО – ДАНСКА 1-2 С. ИРСКА – СЛОВЕНИЈА 0-1 ТАБЕЛА 1 Словенија 19 (сите по 8 натпревари) 2 Данска 19 3 Казахстан 15 4 Финска 12 5 С. Ирска 6 6 Сан Марино 0 |