Македонскиот првак Еурофарм Пелистер во четврток ќе го игра петтиот натпревар во Лигата на шампионите.
По четирите порази, битолчани конечно со право се надеваат дека ќе се израдуваат на првата победа. Шанса за тоа е тимот на хрватскиот Загреб, кој реално е со речиси ист квалитет како и нашиот првак.
Иако Загреб веќе има освоени 3 бодови, сепак пелистерци веруваат дека и тие конечно ќе ги впишат првите на своето конто.
„Видливо е дека формата оди во нагорна линија, одиграме два одлични натпревари по ред.
Ни следи Загреб, противник со кој мора да играме максимално, затоа што беа перфектни на последните два домашни натпревари. Ги анализираме, нема да биде лесно, мора да бидеме на 100% и дај Боже да се израдуваме на првите бодови.
Сите ракометари на Загреб се екстра, но Дибиров, Чупиќ и Моралес даваат голем придонес. Тие се голема опасност по нашиот гол. Се спремаме и ги анализираме нивните последни натпревари и се надевам дека со победа ќе се вратиме од Загреб.
Ја имаме нашата прекрасна публика која секогаш е со нас и е наш осми играч. Нè радува што еден дел од нив ќе дојдат и ќе нè бодрат во Загреб. Ќе се обидеме да ги наградиме со победа и гледачите пред малите екрани и присутните во салата“, вели Ненад Костески.
Натпреварот меѓу Загреб и Еурофарм Пелистер се игра во четврток од 18.45 часот.