Нови седум натпревари се играат денеска во квалификациите за Европското првенство 2024-та во Германија.
Најголемо внимание секако ќе привлече дуелот во Лондон. Во рамките на нашата „Ц“ група, Англија и Италија ќе го играат дербито на денот. Исходот од овој меч ќе го чекаат Украинците кои и гостуваат на Малта.
Во групата „Г“ двата меча директно може да решат за патниците на шампионатот. Унгарците со евентуална победа на гостувањето кај Литанија би си ја обезбедиле „пол-позицијата“. Србија и Црна Гора во директен дуел може решава за втората позиција.
Интересен се очекува да биде и на трите натпревари од 8.коло во „Х“ групата. Во нив Словенија и Данска влегуваат со 4 бода предност во однос на Финска и Казахстан, но во оваа група треба да се одиграат вкупно 10 кола.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 21024-та
Ц ГРУПА 20:45 АНГЛИЈА – ИТАЛИЈА 20:45 МАЛТА – УКРАИНА ТАБЕЛА 1 Англија 13 (5 натпревари) 2 Италија 10 (5) 3 Украина 10 (6) 4 Македонија 7 (6) 5 Малта 0 (6) | Г ГРУПА 20:45 СРБИЈА – ЦРНА ГОРА 20:45 ЛИТВАНИЈА – УНГАРИЈА ТАБЕЛА 1 Унгарија 13 (5) 2 Србија 10 (6) 3 Црна Гора 8 (5) 4 Литванија 5 (6) 5 Бугарија 2 (6) |
Х ГРУПА 18:00 ФИНСКА – КАЗАХСТАН 20:45 САН МАРИНО – ДАНСКА 20:45 С. ИРСКА – СЛОВЕНИЈА ТАБЕЛА 1 Словенија 16 (сите по 7 натпревари) 2 Данска 16 3 Финска 12 4 Казахстан 12 5 С. Ирска 6 6 Сан Марино 0 |