Ракометарите на Тиквеш се радуваа на победа над австрискиот Кремс во првиот меѓусебен дуел во Европскиот куп.
Во фантастична атмосфера во салата „Јасмин“ во Кавадарци, Тиквеш го совлада Кремс со 33-29 во првиот меч од 2-то квалификациско коло.
Тиквеш одигра одлично во целиот натпревар и во најголемиот дел го контролираше резултатот. Водеше кавадаречката екипа со 7 ризика во 23.минута, но на одмор замина со +3 (19-16).
Со првиот гол во вториот дел, гостите најмногу што намалија беше на -2. Но, избраниците на Матлиески, одиграа како што посакуваа и повторно стигнаа до +7 (32-25). Сепак не успеаја да ја сочуваат таа предност па на крајот славеа со четири разлика 33-29.
Нигериецот Обина Ани беше најефикасен со 10 голови, но предвреме, во второто полувреме, го заврши натпреварот поради повреда. Страхиња Симиќ додаде 7, а Марко Мајиќ 5 гола за македонскиот тим.
Дали разликата од 4 гола биде доволно за реваншот по шест дена останува да видиме.