Нови осум натпревари носи денешниот ден во квалификациите за Европското првенство 2024-та во Германија. 

Многу работи може да бидат појасни околу патниците на шампионатот по вечерашните дуели.

Во „А“ групата, доколку Норвежаните загубат од Шпанија, тогаш на „црвената фурија“ и на Шкотска во следните два натпревари доволен им е по еден бод да се пласираат на шампионатот.

Во конкуренцијата „Д“, селекцијата на Турција со победа пред домашната публика и дефинитивни ќе биде дел од ЕП. Затоа пак Велс ќе мора да ја совлада Хрватска која има три бода предност, но и натпревар помалку, ако сакаат Велшаните да останат во игра за првенството.

Во групата „Е“, Чешка и Полска ќе треба да ја оправдаат фаворитската улога и со нови три бода, дополнително да направат притисок на водечката Албанија во последните две кола.

Има уште многу да се игра во „И“ групата во која се шест репрезентации. Во предност е Швајцарија која покрај бодовната предност пред Романија и Израел, денеска важи за фаворит во дуелот со Белорусија.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024

А група
15:00 ГРУЗИЈА – КИПАР
20:45 НОРВЕШКА – ШПАНИЈА
Табела
1 Шкотска 15
2 Шпанија 12 (-1)
3 Норвешка 10
4 Грузија 4 (-1)
5 Кипар 0
Е група
18:00 ЧЕШКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ
20: 45 ПОЛСКА – МОЛДАВИЈА
Табела
1 Албанија 13
2 Полска 9
3 Чешка 8 (-1)
4 Молдавија 8 (-1)
5 Фарски Острови 1
Д група
20:45 ТУРЦИЈА – ЛЕТОНИЈА
20:45 ВЕЛС – ХРВАТСКА
Табела
1 Турција 13
2 Хрватска 10 (-1)
3 Ерменија 7
4 Велс 7 (-1)
5 Латвија 3
И група
18:00 ШВАЈЦАРИЈА – БЕЛОРУСИЈА
20:45 РОМАНИЈА – АНДОРА
Табела
1 Швајцарија 14
2 Романија 13
3 Израел 11
4 Косово 7
5 Белорусија 5
6 Андора 2