Екипата на Чаир му го нанесе првиот пораз на Работнички. Во дуелот од 3.коло чаирчани пред својата публика славеа со 83:82.

Резултатот во првата четвртина кој домаќините ја добија со 15 разлика (30:15), не навестуваше дека дуелот ќе има драматичен финиш.

Како одминуваа минутите, така „црвено-белите“ ја стигнуваа таа висока негатива. До полувремето, Чаир 203 водеше „само“ со 47:39), а на крајот на третата четвртина со уште пониски (64:61).

И во вистинска смисла на зборот, последните десет минути беа неизвесни, буквално до последните секунди од играта.

Откако Рикиќ намали на (82:83) со две слободни фрлања, а Корбет не го реализираше нареднotе напад за Чаир , гостите дојдоа до шанса и да победат. Но во вистински трагичар се претвори Декоузи. Во два наврати не успеа да поентира, па славењето на домашната публика можеше да почне.

Во победничката Корбет оствари дабл-дабл од 25поени и 11 скока, а блиску до двоен ефект беше и Мофит со 18 поени и 8 скока.

ТФТ ја оправда фаворитската улога и како гостин го победи Вардар, нанесувајќи им го на црвено-црните првиот пораз.

Во дуелот на екипите кои загубија на првите два меча, очекувано Феникс како гостин на победи Академија ФМП.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 3. КОЛО
сабота
ВАРДАР – ТФТ МОЦАРТ 64:88
ЧАИР – РАБОТНИЧКИ 83:82
АКАДЕМИЈА ФМП – ФЕНИКС 86:108
недела
17.00 ГОСТИВАР – ЕУРО НИКЕЛ
18.00 КОЖУВ – ОХРИД
среда
18.30 ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ