Нови седум натпревари ќе се играат денеска во квалификациите за Европското првенство 2024-та во Германија.

Најинтересно се очекува да биде во Виена, во натпревар од Ф групата. Австрија и Белгија во директен дуел решаваат за првата позиција. Двете репрезентации имаа по 13 бодови, дури седум повеќе од трето рангираната Шведска, па победа на било која селекции ќе значи и пласман на шампионатот.

Иако и во Б и Ј групите ќе играат двете првопласирани селекции, сепак Франција и Португалија се во „пол-позиција“ за место на ЕП.

„Триколорите“ кои гостуваат кај Холандија во овој меч влегуваат со шест бодови повеќе од „лалињата“, но и трето рангираната Грција која гостува кај Ирска.

Португалија досега одигра шест натпревари и сите ги победи. Затоа и важат за фаворити во дуелот со Словачка која е втора во групата со 13 бодови, пет повеќе од Луксембург.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024
Б група
20:45 ХОЛАНДИЈА – ФРАНЦИЈА
20:45 Р. ИРСКА – ГРЦИЈА
Ф група
18:00 ЕСТОНИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН
20:45 АВСТРИЈА – БЕЛГИЈА
Ј група
20:45 ИСЛАНД – ЛУКСЕМБУРГ
20:45 ЛИХТЕНШТАЈН – БиХ
20:45 ПОРТУГАЛИЈА – СЛОВАЧКА